1 јули, 2025
ПочетнаКОМПАНИИФерари ја почувствува јапонската моќ

Ферари ја почувствува јапонската моќ

fafaa

Италијанскиот производител на автомобили Ферари во фискалната година која завршува на 31-ви март продаде 558 автомобили во Јапонија, што е за дури 46 проценти повеќе во однос на претходниот циклус.

Тоа претставува најдобар продажен резултат на Ферари на јапонскиот пазар од 2000-та година, кога италијанскиот произведувач испорача 573 спортски автомобили.

Зголемувањето на продажбата на престижниот италијански бренд на ултра луксузни автомобили, претставува уште еден показател дека економијата на Јапонија успешно се опоравува и е на добар пат уште повеќе да се подобрува.

Според информациите веќе втора година поред е забележан раст во продажбата на луксузни возила од увоз чија цена е поголема од десет милиони јени (80.000 евра).

Во Јапонија се наоѓа најголемото здружение на возачите на Ферари во целиот свет, кое брои повеќе од 600 членови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар