19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМистериозен клиент го издигна Airbus

Мистериозен клиент го издигна Airbus

airbus-a320neo_large

Францускиот производител на авиони „Airbus“ ја започна 2016 година со нарачки за 16 авиони од своето најпродавано семејство на авиони со широк труп во јануари.

Од тие, 14 целосно нови авиони „Airbus A330-900“ ги купил клиент чие име не е објавено.

Преостанатите „Airbus A320ceo“ ги нарача компанија „CALC (ChinaAircraftLeasingCompany) “, брзорастечкиот изнајмувач од Хонг Конг, соопшти денес компанијата.

Најсветла точна за испораките на „Airbus“ во јануари 2016 година беше првиот „Airbus А320neo“, кој е испорачан за „Lufthansa“, првиот нарачувач на најпродаваниот авион со најефикасна потрошувачка на гориво.

Со првиот „A320neo“ авион, „Airbus“ испорача повеќе од 22 авиони за 18 клиенти во јануари оваа година, од кои 17 од „Airbus A320“ семејството на авиони, четири модели „Airbus A330s“ и еден „Airbus A380“.

Со дополнителни 44 нови авиони внесени во книгата со нарачки на крајот на 2015 година, вкупниот број на минатогодишните нарачки се искачи на 1,190 авиони, чија вредност се проценува на 159,9 милијарди американски долари.

Бројот на заостанати нарачки на „Airbus“ на краjот на 2015 година изнесува 6,831 авиони, чија вредност се проценува на 1.000 милијарди американски долари, според цените во 2015 година, се наведува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП