18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на индексите по три дена раст

Пад на индексите по три дена раст

30-big-stocks-that-are-way-below-wall-streets-price-targets

Цените на акциите на Волстрит паднаа во четвртокот по три дена силен раст, што е последица на падот на цената на нафтата и послабите од очекувани деловни резултати на компаниите.

Dow Jones се намали за 40 поени, или 0,25 отсто, на 16.413 поени, додека S&P 500 ослабна 0,47 отсто, на 1.917 поени, а Nasdaq за 1,03 отсто, на 4.487 поени.

Сите десет сектори на S&P 500 забележаа вчера пад, а најмногу за 0,9 отсто, се намалија акциите во енергетскиот сектор поради падот на цената на нафтата.

Благодарение на договорот на некои од најголемите светски производители на нафта за задржување на производството на ниво од јануари, претходните денови цената на нафтата силно порасна, што ги поттикна и пазарите на хартии од вредност, кои во последните месеци зависат од насоката на движење на цената на „црното злато“.

Но, вчера цената на нафтата падна, по новите податоци за растот на резервите во САД, поради што под притисок се најдоа акциите на нафтените компании.

Лошо на берзата влијаеја и послабите од очекуваните квартални деловни резултати на неколку компании, меѓу останатите и на Wal-Mart, па цената на акцијата на најголемиот светски трговски синџир падна за 3 отсто.

Берзата го загуби залетот од претходните три дена во кои S&P 500, скокна над 5 отсто, надокнадувајќи ги сите загуби од почетокот на февруари.

„Имавме прилично значаен скок во претходните три дена, па сега дел од инвеститорите одлучија да ја повлечат добивката од берзите. Поради тоа некои акции кои пораснаа во изминатите денови вчера загубија од вредноста“, рече Арон Џет, потпретседател во компанијата Bel Air Investment Advisors.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП