17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОЕЦД предупредува на опасности по финансиската стабилност

ОЕЦД предупредува на опасности по финансиската стабилност

oecd 3303

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја намали својата проекција за глобалниот раст во оваа година и предупреди на опасности по финансиската стабилност.

ОЕЦД предвидува дека глобалниот раст ќе изнесува како и минатата година, три проценти, што е најмалку во последните пет години, додека во ноември прогнозираше раст од 3,3 проценти.

Оваа организација наведува дека трговијата и инвестициите слабеат, додека ниската побарувачка води кон ниска инфлација и неадекватен раст на заработката и вработеноста.

„Ризиците за финансиската нестабилност се значајни, што е покажано со неодамнешниот пад на вредноста на акциите и обврзниците ширум светот“, наведе ОЕЦД во последниот извештај.

ОЕЦД наведува дека глобалниот раст по овогодишните три проценти, во 2017 година ќе изнеусва 3,3 проценти, додека долгорочниот просек е околу 3,75 проценти. Проекцијата за растот во САД оваа година е намалена на два проценти, а во Германија, најголемата европска економија, на 1,3 проценти. Во еврозоната се очекува раст од 1,3 проценти.

Во извештајот се наведува дека растот на Кина ќе забави оваа година на 6,5 проценти и на 6,2 проценти следната година, додека Индија ќе продолжи со силниот раст од 7,4 проценти во оваа година, а во 2017 година ќе забележи раст од 7,3 проценти. Од друга страна, Бразил е во длабока рецесија и оваа година се очекува дополнително намалување на неговиот БДП од четири проценти.

ОЕЦД ги повика надлежните власти ширум светот поодлучно да реагираат – силни фискални мерки заедно со структурни реформи се потребни за поттикнување на растот и обезбедување на поволно опкружување за иновации и промени, особено во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП