Во светот има 60 главни берзи, а разликите во големината им е доста изненадувачка, пишува „VisualCapitalist“.
Во горниот крај на спектарот се наоѓа силната „New York Stock Exchange“ (NYSE) со пазарна капитализација од 18,5 илјади милијарди долари, или околу 27% од целокупниот пазар на глобалните акции.
А во долниот крај? Берзите на малите острови во Малта, Кипар и Бермуда имаат пазарна капитализација, која се движи од 1 до 4 милијарди долари. Дури собрани заедно овие три пазари претставуваат само 0,01% од вкупната пазарна капитализација.
Клубот на илјади милијарди
Има 16 берзи, кои се дел од Клубот на илјади милијарди со пазарна капитализација од над 1 илјада милијарди долари. Оваа елитната група, вклучувајќи познати имиња како „NYSE“, „Nasdaq“, „LSE“, „Deutsche Borse“, „TMX Group“ и „Japan Exchange Group“, оформува 87% од вкупната вредност на акциите во целиот свет.
Сите заедно 44-те имиња надвор од таа група имаат заедно само 9 илјади милијарди долари, или 13% од вкупната пазарна капитализација.
Доминацијата на северот
Од географска гледна точка доминира северната хемисфера. Северна Америка и Европа поседуваат соодветно 40,6% и 19,5% од светските пазари, а поголемиот дел од 33,3-те проценти од азиски берзи лежат северно од Екваторот на места како Шенжен, Хонг Конг, Токио и Шангај.
Еминентни берзи јужно од Екваторот ги вклучуваат „Australian Securities Exchange“, „Indonesia Stock Exchange“, „Johannesburg Stock Exchange“ и „Brazilian BM & F Bovespa“.
„VisualCapitalist“ создаде графикон врз основа на информации од месечиот извештај за ноември 2015-та година на „World Federation of Exchanges“. Треба да се спомене дека „London Stock Exchange“ (и нејзината подружница во Италија) објави дека ја напушта „WFE“ во 2013-та година. Затоа податоците за берзата во Лондон и за „Borsa Italia“ доаѓаат од нивните месечни извештаи објавени на нивните интернет страни, а резултатите се конвертирани од локална валута во американски долари.