21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Аутомакедонија АД Скопје истргувана првпат годинава

Акцијата на Аутомакедонија АД Скопје истргувана првпат годинава

makedonska-berza-berzi-zvonce

Првпат по 2-ри октомври 2015 година, во четвртокот имаше тргување со акцијата на Аутомакедонија АД Скопје.

Преку две трансакции се истргуваа вкупно 500 акции по просечна цена од 1.499,00 денари, со што оваа акција го зазеде првото место по реализиран промет.

Сите истргувани хартии во четвртокот остварија промет под еден милион денари и беа реализирани во количини под нивните просечни дневни количини тргувани хартии.

Вкупниот промет реализиран денес на пазарот изнесува 4.436,467,48 денари и 53 реализирани трансакции.

Првпат оваа недела, индексот МБИ10 заврши со пораст, зголемувајќи ја својата вредност за 0,63 отсто при што истиот заврши на 1.793.79 индексни поени. И индексот на обврзниците го следеше позитивниот тренд, со пораст од 0,70 отсто со што изнесува 128,08 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП