6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСаудиска Арабија не го намалува производството на нафта

Саудиска Арабија не го намалува производството на нафта

nafta 83

Саудиска Арабија „не е подготвена“ да го намали производството на нафта, изјави во интервју за агенцијата AFP министерот за надворешни работи на кралството, Адил ал-Џубеир.

„Доколку другите производители сакаат да го ограничат или да се согласат да го “замрзнат’ или зборуваат за дополнително производство, тоа може да има влијание на пазарот. Меѓутоа, Саудиска Арабија не е подготвена да го намали производството“, вели ал-Џубеир.

Во вторникот во рамките на средбата во Доха меѓу рускиот министер за енергетика и неговите колеги од Саудиска Арабија, Венецуела и Катар од нафтениот картел Организацијата на земјите извознички (OPEC), беше договарано за подготвеноста за производството на нафта во 2016 година на нивото од јануари годинава, доколку другите производители се приклучат на таквата иницијатива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП