28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоловина од хрватските граѓани во минус

Половина од хрватските граѓани во минус

hrvatska1

Речиси половина од хрватските граѓани се во минус на сметките, а трошоците за домаќинство ги подмируваат со комбинирање на платата и кредитите од банките, покажуваат најновите податоци од истражувањето.

Една третина од овие трошоци целосно ја подмируваат со платата, а пари за секојдневните домашни потреби позајмуваат дури 23 проценти од испитаниците кои учествувале во анкетата, која била спроведена на 1.000 хравтски државјани.

Испитаниците посочиле дека нивните минуси на банкарските сметки и позајмиците од пријатели се резултат од тоа што продуктите секојдневно поскапуваат, а платите се намалуваат, пренесуваат странските медиуми.

Секојдневните трошоци, само со плата успеваат да ги подмират 32 проценти од жителите – претежно граѓаните кои немаат кредитни обврски или оние кои тврдат дека се откажале од многу намирници и работи кои претходно ги користеле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП