17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата над 35 долари, Иран со поддршка за контролирана понуда

Цената на нафтата над 35 долари, Иран со поддршка за контролирана понуда

nafta 4839

Цената на нафтата се искачи во четвртокот над 35 долари за барел на свеските берзи, откако Иран ги поттикна плановите на Русија и Саудиска Арабија за замрзнување на производството, а дополнителна поддршка пружи и неочекуваниот пад на резервите.

На лондонскиот пазар со барелот се тргува по 97 центи повисока цена во однос на претходното затворање, од 35,47 долари. Вчера, тргувањето го заврши во плус 2,32 долари. На американската берза со нафтата денеска се тргува по 95 центи повисока цена, од 31,61 долари по барел. Вчера тргувањето го заврши во плус од 1,62 долари.

Нафтените пазари вчера скокнаа откако Иран го поддржа договорот на водечките производители за контрола на понудените количини.

Пред воведувањето на санкциите во 2012 година поради бавната нуклеарна програма Иран извезуваше околу 2,2 милиони барели нафта дневно за да потоа извозот биде намален на само околу 1,1 милион барели дневно. Санкциите се укинати минатиот месец, а на почетокот на неделата упатени извори рекоа дека Иран нема да го замрзне производството на сегашно ниво.

Освен настојувањата да се сопре неконтролираната понуда, поддршка на нафтените пазари пружи и податокот на Американскиот институт за нафта за неочекуван пад на резервите на сирова нафта во САД и тоа за дури 3,3 милиони барели.  Вниманието сега е насочено кон официјалните податоци на американската влада кои треба да бидат објавени во текот на денот.

„Ако владата во Вашингтон не ги потврди овие бројки во денешниот извештај, актуелното повисоко ниво на цените ќе поттикне продажби“ предупредуваат од брокерската куќаPVM.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП