6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов Зеланд соочен со недостиг од берачи на јаболка, а дневницата е...

Нов Зеланд соочен со недостиг од берачи на јаболка, а дневницата е до 150 евра

jabolko1

Сезоната на берба на јаболка, грозје и киви наскоро започнува на Нов Зеланд, а производителите се соочуваат со проблем од недостиг на сезонски работници.

Се проценува дека оваа година недостасуваат најмалку 2.000 сезонски работници, додека во следните години дефицитот на „сезонците“ би можел значително да се зголеми.

Водечките производители на јаболка на Нов Зеланд предвидуваат дека оваа сезона ќе бидат собрани 19,5 милиони кутии, во вредност од околу 418 милиони евра. Овоштарите се жалат дека бројот на сезонски работници никогаш не бил помал во последните пет години, а проблемот во наредните години би можел да се зголеми.

„Секоја година произведуваме сѐ повеќе јаболка и очекуваме до 2022 година бербата да достигне вредност од една милијарда долари. Владата мора да стори повеќе напор да привлече сезонски работници, дали преку зголемување на дневниците или преку зголемување на квотите за мигрантите“, смета Фреш Хауард, од компанијата Fresh Harvest која вработува илјадници сезонски работници.

„Се обидуваме да најдеме што повеќе луѓе, оние со туристички виза“, вели Крег Тренемам, менаџер во компанијата Bostock, најголем извозник на еколошки јаболка од Нов Зеланд.

Тој стравува дека оваа сезона нема да најде доволно луѓе. Вели дека платата е добра и дека најдобрите берачи може да заработат 150 евра за девет часа работа.

Националната служба за вработување оценува дека во оваа сезона ќе бидат потребни 50.000 берачи на овошје и дека производителите ќе останат „куси“ за најмалку 2.000 сезонци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП