ПочетнаЕКОНОМИЈАИзградена нова пристапна улица до спортската сала во Ченто

Изградена нова пристапна улица до спортската сала во Ченто

ulica cento 99

Општина Гази Баба изгради нова пристапна улица која води до спортска сала во населбата Ченто, со должина од 60 и широчина од пет метри.

Долж улицата е изградена и нова пешачка патека од павер елементи со широчина од 1.5 метри, а на крајот од улицата ќе се изгради и паркинг простор, со капацитет за 15 паркинг места.

Општина Гази Баба за новата улицата, направи и водоводна и фекална канализација.

Вкупната инвестиција за овие активности изнесува 3.700.000 денари. Изведувачи на работите се фирмите Жикол , Енергомонт, ДансаТрејд и Ју Бај2.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП