19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHSBC планира преструктуирање на бизнисот во Турција

HSBC планира преструктуирање на бизнисот во Турција

hsbc 0335

Британската банка „HSBC“ се откажува од планираната продажба на бизнисот во Турција поради тешкотиите да најде купувач. Наместо тоа групацијата ќе се движи кон реструктуирање, соопштува „Bloomberg“, повикувајќи се на извори запознаени со процесот.

Се очекува најголемата европска банка да ја објави официјално одлуката на 22-ри февруари, кога ќе го објави и годишниот извештај. Претставници на „HSBC“ одбиле да дадат коментар за новинската агенција.

Во декември повторно анонимни извори соопштија дека „ING Groep NV“, најголемата холандска банка, се откажува од плановите да го купи турскиот бизнис на британската банка во голема мера поради регулаторните проблеми. Застојот во преговорите со „ING“ ја натерал „HSBС“ повторно да се обрати до турските банки, меѓу кои се „Turkiye Garanti Bankasi“ и „Yapi Kredi Bankasi“.

Во јуни извршниот директор Стјуарт Гуливер претстави 3-годишен план за намалување на глобалната мрежа на „HSBC“ со затворање на единиците загубари и скратување на 25 илјади работни места. Целта на банката е до крајот на 2017-та година да ги намали трошоците за 5 милијарди долари.

Минатата година „HSBC“ се согласи да го продаде бразилскиот бизнис на „Banco Bradesco SA“ за 5,2 милијарди долари. Во понеделникот Гуливер рече дека очекува продажбата на единицата во Бразил да биде финализирана до крајот на првиот квартал.

Според турскиот весник „Хуриет“, „HSBC“ може да го фокусира бизнисот во Турција на корпоративното банкарство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП