20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПуштен во употреба сервисот за проверка на записи во базата на вработени...

Пуштен во употреба сервисот за проверка на записи во базата на вработени во јавниот сектор

http

Сервисот за проверка на записи во базата на вработени во јавниот сектор, која ја води Министерството за информатичко општество и администрација, во четврток официјално е пуштен во употреба.

Секој вработен во било која институција на јавниот сектор, освен вработените во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Агенцијата за разузнавање, за кои согласно закон Министерството за информатичко општество и администрација не води евиденција туку само вкупен број на вработени, може да пристапи на веб локацијата https://proverkaregistar.hrm.gov.mk, да го внесе својот матичен број и безбедносниот код и да провери дали за него се води евиденција во базата на вработени во јавниот сектор.

„Целта на ваквиот сервис е транспарентно и отчетно работење на Министерството, зголемување на довербата на јавноста во ефикасноста и ажурноста на Министерството да обезбеди точни податоци за бројот на вработени во јавниот сектор, како и отстранување на сите сомнежи и шпекулации околу вкупниот број на вработени во јавниот сектор“, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП