10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолжничката криза во Кина веќе е реалност

Должничката криза во Кина веќе е реалност

kriza kina 353

Должничката криза во Кина почнува да станува очигледна. Кинеските регулатори сепак се обидуваат да се справат со неа, така што ги намалуваат барањата за покривање на лошите кредити кон банките, за да можат тие да продолжат со кредитирање.

Лошите кредити, со вклучување на ризичните (покажуваат знаци за проблеми при нивната иднина во собирањето), се зголемија до 4.2 илјади милијарди јуани (645 милијарди долари) кон крајот на минатата година, или 5.46% од вкупните. Износот веќе е поголем од оној во износ од проблематичните 600 милијарди долари хипотекарни кредити пред екот на финансиската криза во САД во 2006-та година.

Обемот на кредитите на кинеските комерцијални банки се зголеми за 51% на годишна основа, до 1,27 илјади милијарди јуани (195 милијарди долари) до декември, или највисоко ниво од јуни 2006-та година.

Овие податоци очигледно го привлекоа вниманието на кинеските регулатори. Сепак, тие не побараа од комерцијалните банки да запрат со кредититрањето или да ги отпишат лошите кредити, стравувајќи од „домино ефектот“, кој може да се предизвика со слични барања.

Наместо тоа регулаторите ги олеснија барањата кон комерцијалните банки за средствата чувани за „осигурување“ против колапс на системот. Тоа иницира „инекција“ на нови средства во комерцијалните банки, така што се стимулира зголемувањето на нивната кредитна активност.

За последните шест години лошите кредити во Кина се зголемиле за 256%. Сепак, нивниот процент во вкупните кредити се намалува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП