Италијанската куќа за тјнуирање „Oemmedi Meccanica“ е позната по необичните креации, да прават мали автомобили со многу поголеми и многу помоќни мотори.
Главна улога во голем број на проекти на оваа компанија има „Fiat 500“, кој со вештите раце на луѓето од „Oemmedi Meccanicа“ доби мотори на „Porsche boхer“, како и V8 единицата на „Ferrari“.
Сепак и покрај многубројните модификации една работа досега изгледаше невозможна, а тоа е вградување на V12 моторот на „Lamborghini Murcielagо“, затоа што 6.2 литарската единица со 580 KS едноставно беше претешка.
Но тоа не им сметаше на италијанските тјунери кои успешно ја завршија работата. Конечниот резултат на тежината и снагата е во сооднос од 800g за 1KS.