28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТретиот модел од новата серија 90 на Volvo (фото+видео)

Третиот модел од новата серија 90 на Volvo (фото+видео)

karavolvo1

„Volvo“ официјално го претстави караванот „V90“, чија јавна премиера ќе се одржи на автосаемот во Женева. Ова е трет модел од новата серија „90“ на брендот, во која влегуваат веќе прикажаните „XC90“ и „S90“.

karavolvo

Новиот „V90“ е базиран на долгогодишните традиции на „Volvo“ во изградбата на караван возила. Првиот таков модел на марката – „Duett“, се појави пред 60 години, потсетуваат Швеѓаните.

Овој модел е изграден на платформата „SPA“, веќе позната од седанот „S90“ и теренецот „XC90“. Во моментов недостасува информации за димензиите на „V90“, но се очекува тие да бидат слични со верзијата седан „S90“. Беше соопштено само дека багажникот на караванот има волумен од 1526 литри со склопени задни седишта.

karavolvo5

Во поглед на дизајнот, тој е позајмен од седанот „S90“. Сепак сосема поинаков е задниот дел, а впечаток прават засечениот покрив, стоп светлата, двојниот издувен систем кој е интегриран во браникот и повеќето хромирани елементи. Формите истовремено се спортски и луксузни, а се инспирирани од атрактивниот концепт „Concept Estate“.

Внатрешноста на „S90“ и „V90“ исто така изгледаат идентично

Слично на другите два модели кои ја користат архитектурата „SPA“, новиот „V90“ се опремува само со 4-цилиндричен мотор од семејството „Drive-E“. Тоа се два бензински, два дизели и еден хибриден.

karavolvo4

Бензинските се „T5“ со 254 КС и „Т6“ со 320 КС и „AWD“ погон. Дизелите имаат ознака „D4“ и „D5 AWD“, а развиваат соодветно 190 и 235 КС.

karavolvo6

Најмногу е интересен хибридниот „T8 Twin Engine“. Тој комбинира 2,0-литарски бензински агрегат и електромотор, а тие генерираат вкупна моќност од 407 КС и нудат погон на сите четири тркала.

karavolvo8

Од информациите, станува јасно дека на хибридот му е потребно точно 5,2 секунди за развивање на брзина од 100 км/час. Просечната потрошувачка на гориво во хибриден режим е 2,1 l/100 km, а само на струја караванот може да помине околу 45 километри.

karavolvo2

Хибридниот мотор ќе добие дури помоќна верзија, со која веќе се занимава делот „Polestar“.

karavolvo9

Од „Volvo“ нагласуваат дека „V90“ е караван со најбогатиот основен систем за безбедност на пазарот. Тој вклучува голем број на функции, меѓу кои системот „Intelisafeassist“ кој нуди адаптивна контрола на возењето со предупредување за почитување на растојанието и програмата за полуавтономно управување „Pilot Assist“. Покрај тоа, возилото има способност да детектира големи животни како, елени, срни и други, и своевидно да се спречува инциденти.

karavolvo10

Повеќе детали за автомобилот ќе бидат откриени во почетокот на месец март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП