3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗатворањето на границите ќе ја чини Германија 10 милијарди евра

Затворањето на границите ќе ја чини Германија 10 милијарди евра

shenge 5366

Затворање на границите поради бегалската криза може да ја чини само Германија 10 милијарди евра, предупреди Германската индустриско-стопанска комора, цитирана од електронското издание на германското списание „Focus“.

Контролите нема да го запрат целосно движењето преку границите, но силно ќе го отежнат, што ќе доведе до зголемување на трошоците и ќе ги поскапи непотребните патувањата и снабдувањето на стоки, посочува Комората во соопштението.

Неодамна логистичката индустрија во земјата, предупреди дека веќе внесените гранични проверки го чинат германското стопанство по 40.000 евра дневно. Многу возачи се обидуваат да ги планираат своите тури во раните утрински или доцните вечерни часови, а со тоа да се избегне сообраќајниот метеж, што сепак не може да биде трајно решение, велат експертите.

Граничната контрола не влијае само на економијата, но и на обичните граѓани – во Европската унија се создава несигурност за близу 1,1 милиони луѓе кои секој ден ја минуваат државната граница на пат за работа, додава „Focus“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП