3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот на Хрватска достигна 108 отсто од БДП

Долгот на Хрватска достигна 108 отсто од БДП

hrvatska

Бруто надворешниот долг на Хрватска на крајот на октомври изнесувал 47,7 милијарди евра, односно 108,7 отсто од БДП, при што и натаму е видлив трендот на зголемување на надворешната задолженост на државата, додека финансискиот сектор го намалил надворешниот долг.

По два месеци смалување, во октомври надворешниот долг порасна 360,5 милиони евра или 0,8 отсто на месечно ниво.

На годишно ниво, бруто надворешниот долг се зголемил за 1,155 милијарди евра, односно за 2,5 отсто, со што го продолжи трендот на раст, кој континуирано е присутен од ноември 2013 година, со два месеци спорадичен пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП