27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПсихологија на штедењето: Обидете се со нови банкноти

Психологија на штедењето: Обидете се со нови банкноти

money15

Доколку до сега безуспешно сте се обидувале да заштедите неколку пари, експертите имаат совет за вас – обидете се да штедите нови банкноти. Парите кои се нови, неуништени, непревиткани и чисти помалку се трошат. Експертите уверуваат дека луѓето најлесно ваквиот вид на банкноти ќе ги стават на страна.

Експертите откриле дека изгледот на парите многу влијае на тоа дали лесно ќе ги потрошиме парите или ќе ги заштедиме во нашиот „црн фонд“.

Исто така, луѓето потешко ќе се одлучат да ги потрошат парите доколку тие се чуваат во крупни банкноти, затоа секој денар кој ќе го тргнете на страна укрупнете го и чувајте го во крупни банкноти.

Всушност, истражувањето објавено во магазинот „Journal of Consumer Research“ покажало дека луѓето ќе потрошат повеќе пари доколку тие се стари, валкани или уништени на некој начин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП