3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФондот ‘Градиме мостови’ доделува грантови за повеќејазични училишта

Фондот ‘Градиме мостови’ доделува грантови за повеќејазични училишта

gradime

Да се живее во држава во која повеќе националности функционираат, работат, творат заедно, е успех за нас како поединци, но и за целата држава, рече министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.

Тој во четврток присуствуваше на заедничка прес конференција со амбасадорот на Холандија Вилем Воутер Пломп и шефот на Мисијата на ОБСЕ Нина Суомалаинен, на која информираа за тековните активностите поврзани со фондот „Градиме мостови“.

Министерот Адеми рече дека значењето на овој проектот е што преку заеднички активности, учениците, наставниците, родителите од различни етнички заедници, ја раскажуваат приказната за своите особености, на својот јазик. Така, додаде Адеми ќе го изградат мостот кој ќе ги надмине евентуалните пречки со кои можеби некогаш се соочуваат.

„За да се постигне оваа цел фондот ‘Градиме мостови’ доделува грантови за повеќејазични училишта или за збратимени еднојазични училишта, со цел да се организираат заеднички активности со ученици од различни заедници, а кои наставата ја следат на различни јазици. Активостите можат да бидат од најразлична природа, може да се организираат спортски натпревари работилници, забави“, рече Адеми.

Адеми упати апел до училиштата да аплицираат за грантовите кои ги доделува Фондот. Тој нагласи дека можат да аплицираат и училиштата кои веќе ја искористиле оваа можност, но и оние кои од одредени причини претходно биле одбиени.

Грантовите кои ги доделува Фондот се во вредност до 1.500 евра, тоа се таканаречените „брзи грантови“ и „редовните грантови“ во вредност до 7.000 евра за кои може да се аплицира во три рокови во текот на годината. Првиот рок за аплицирање е на 1 март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП