3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо средата издадени потврди на 572 мигранти

Во средата издадени потврди на 572 мигранти

migranti21

За период од 24 часа, од страна на МВР биле издадени потврди за влез во земјата на вкупно 572 странски државјани, од кои 169 од машки и 121 од женски пол, како и на 280 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 189 државјани на Сирија, потоа на 176 државјани на Авганистан и на 207 државјани на Ирак.

Од почетокот на годината па до 17-ти февруари, издадени  се потврди на вкупно 81.976 странски државјани, од кои 32.668 се од машки пол, 17.752 се од женски и 31.369 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 187  деца кои патуваат без родител. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.461, Авганистан-25.763 и Ирак-16.749.

Од почетокот на годината па до 17-ти февруари, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 17-ти февруари евидентирани се вкупно девет  баратели  на азил од кои шест мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика./

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП