6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок на Волстрит трет ден по ред

Скок на Волстрит трет ден по ред

wall str3020

Цената на акциите на Волстрит силно порасна трет ден по ред, благодарени на растот на цената на нафтата и пораките дека американската централна банка нема да брза со зголемување на каматите.

Dow Jones скокна 257 поени, или 1,59 отсто, на 16.453 поени, додека S&P 500 порасна 1,65 отсто, на 1.926 поени, а Nasdaq индекс 2,21 отсто, на 4.534 поени.

Најмногу вчера, за 2,9 отсто, порасна цената на акциите во германскиот сектор, откако цената на нафтата скокна 7 отсто.

Скокот на цената на „црното злато“ се должи на надежите дека најголемите светски производители ќе го сопрат производството, што би требало да води до врамнотежување на понудата и побарувачката.

„Цената на нафтата продолжи да расте, па поскапеа и акциите. Уште поважно е што економските показатели се подобри од очекувањата на инвеститорите“, вели Џејсон Веир, директор во Albion Financial Group.

По низата слаби показатели, вчера беше објавено дека индустриското производство во САД во јануари порасна најмногу за последните 14 месеци, што ги ублажи стравувањата од поостро забавување на растот на најголемата светска економија.

Позитивно на пазарот влијаеше и објавата на записникот од неодамнешната седница на американската централна банка, кој покажа дека челниците на Фед се загрижени дека заострувањето на условите на финанските пазари би можело да ја погоди економијата на САД и дека се разговарало за промена на плановите во врска со каматните стапки.

„Не би било мудро за централната банка да продолжи со зголемувањето на каматите, со оглед дека падот на очекувањата во врска со инфлацијата и нестабилноста на берзите“, изјави во средата Џејмс Булард, претседател на подружницата на Фед во Сент Луис.

Од оваа изјава, инвеститорите заклучија дека Фед сигурно нема да ги крене каматите во март, а веројатно ниту во јуни.

„По овие пораки, од берзите на некое време ќе биде отстрането едно негативно прашање“, вели Чак Карлсон, директор во компанијата Horizon Investment Services.

Благодарение на силниот раст на цените на акциите во последните три дена, најмногу од август минатата година, индексите на Волстрит ги надоместија губитоците од почетокот на февруари.

Но, од почетокот на годината индексот S&P 500 и натаму е во загуба од 5,7 отсто.

И на европските берзи цените на акциите вчера силно пораснаа. Лондонски FTSE зајакна за 2,87 отсто, на 6.030 поени, додека франкфуртски DAX скокна 2,65 отсто, на 9.377 поени, а париски CAC 2,99 отсто, на 4.233 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП