17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Велика Британија на рекордно ниско ниво

Стапката на невработеност во Велика Британија на рекордно ниско ниво

velika-britanija-britanija

Стапката на невработеност во Британија во три месеци заклучно со декември 2015 година се задржа на најниското ниво во последните десет години.

Стапката на невработеност во тој период изнесувала 5,1 проценти, што е непроменето во однос на три месеци, заклучно со ноември, и е најниска стапка на невработеност од октомври 2005 година, покажаа објавените податоци на британската канцеларија за статистика (ONS), пренесува агенцијата Франс прес.

Во последниот минатогодишен квартал, вкупниот број на невработени лица е намален за 172,000, на 1,69 милиони, во споредба со истиот квартал во 2014 година.

Како што пренесува агенцијата Ројтерс, вкупните годишни приходи во тој квартал пораснале за 1,9 проценти, што е за 0,2 процентни поени пониско во однос на растот на приходите во трите месеци заклучно со ноември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП