26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДолгот на Шпанија достигна 99 проценти од БДП

Долгот на Шпанија достигна 99 проценти од БДП

shpanija6

Националниот долг на Шпанија до крајот на минатата година порасна за 36,14 милијарди евра и достигна речиси 1,1 трилиони евра или 99 проценти од бруто домашниот производ (БДП), соопшти Банката на Шпанија.

Во декември 2014 година, шпанскиот јавен долг изнесувал 1,03 трилиони евра. Меѓу 2008 година и 2015 година Шпанија поминуваше преку рецесија предизвикана главно поради распадот на пазарот на недвижнини и неодржливата стапка на БДП.

Шпанија во 2012 година стана дел од европската должничка криза кога таа земја не успеа да го спаси својот финансиски сектор и побара помош вредна 100 милијарди евра од Европскиот механизам за стабилност. Моменталното ниво на националниот долг на Шпанија е највисоко во изминатите стотина години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП