16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМБИ-10 продолжува со пад на вредноста

МБИ-10 продолжува со пад на вредноста

македонска-берза

Индексот МБИ10 во средата го продолжи трендот на намалување на својата вредност со пад од 0.28% и изнесува 1.782,59 индексни поени, додека индексот на обврзниците ОМБ остана непроменет.

На Македонската берза за хартии од вредност во средата беше реализиран промет од 6.278.836,21 денари преку 46 трансакции.

Само девет хартии од вредност беа тргувани меѓу кои осум акции и една обврзница (РМДЕН14). Над 53% од остварениот промет  беше реализиран благодарение на акцијата на Комерцијална Банка (КМБ), со која беше истргувана количина од 1430 акции по просечна цена од 2.323,26 денари, што преставува пад на вредноста на акцијата од 1,35 посто.

Од останатите акции кои беа цел на инвеститорите, тргувани беа акциите на Алкалоид, Реплек, Гранит и др. со реализиран промет под еден милион денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП