17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо загубата од неколку милијарди Bombardier затвора 7 илјади работни места

По загубата од неколку милијарди Bombardier затвора 7 илјади работни места

bombardier 33

Производителот на авиони и возови, „Bombardier“ (Bombardier B) поради кризата во која се наоѓа и горчливиот годишен извештај ќе затврои близу 7 илјади работни места.

Отпуштањата ќе бидат извршени во 2016-та и 2017-та година, објави канадската компанија.

Засегнати се 3.200 работни места во единица за возови. Останатите места ќе се во бизнисот со авиони и развој.

На глобално ниво „Bombardier“ во моментов има околу 64 илјади вработени.

Овие кратења ќе бидат делумно компензирани од ангажирањето на персонал во некои области со раст, а особено во поддршка на забрзување на програмите и стратешките проекти во светски рамки, прецизира компанијата во соопштението објавено по повод нејзините годишни резултати.

Минатата година компанијата забележа опаѓање на приходите од речиси 10 отсто до 18,2 милијарди долари. Поради отпишувањето Концернот има загуба од над 5,3 милијарди долари, откако пред една година загубата изнесуваше 1,3 милијарди долари.

За 2016-та година „Bombardier“ не очекува сериозно закрепнување. Во однос на приходите се очекува пад до 16,5 – 17,5 милијарди долари пред се поради проблемите во единицата за бизнис со авиони. Профитот пред даноци и такси се очекува да достигне од 200 до 400 милиони долари, наспроти пријавените 554 милиони долари во 2015-та година.

Поради отпуштањата компанијата очекува во 2016-та година да натрупа дополнителни трошоци меѓу 250 и 300 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП