20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД е водечка воена сила во светот

САД е водечка воена сила во светот

vojnik 3002

Меѓународниот сајт „Globalfirepower.com“ објави листа на 126 земји кои во светот се рангирани според својата воена сила.

Од изданието користат сопствена методологија за пресметување на индексот на воената сила, која вклучува над 50 фактори. Треба да се напомене дека рангирањето се подготвува главно врз способноста на земјите во однос на конвенционалните оружје и не ја зема во предвид нивната нуклеарна моќ.

Географските фактори исто така влијаат на крајниот резултат, како и присуството на природни ресурси. Резултатот на земјите кои немаат излез на море, не е намален заради тоа што немаат поморски сили. На резултатите на секоја земја сепак влијае сегашната нејзината економска состојба.

Во листата се вклучени вкупно 126 држави. Првата позиција ја зазема САД, која има резултат од 0.1663. Според методологијата на „Globalfirepower“ резултатите се дефинираат во позадина на идеалната вредност од 0.0000 која реално е несфатлива поради низата фактори кои се земаат во предвид за секоја земја. Второто место на листата е за Русија со резултат од 0.1865, додека првите три ги оформува Кина со 0.2318.

Понатаму првите десет се дополнуваат од Индија, Велика Британија, Франција, Јужна Кореја, Германија, Јапонија и Турција.

Последните три места на листата се за Сомалија, Мозамбик и Мали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП