24 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПретставен Мултимедијалниот проект „Конекција 2“ во македонскиот КИЦ во Софија

Претставен Мултимедијалниот проект „Конекција 2“ во македонскиот КИЦ во Софија

konekcija

Мултимедијалниот проект „Конекција 2“, на кој беше отворена групна ликовна изложба, беа интерпретирани стихови од македонски поети и исполнети неколку познати македонски песни, беше претставен во среда вечер во Културно-информативниот Центар на Р. Македонија во Софија.

На изложбата беа претставени дела во различни техники. Од областа на сликарството, делата на Перица Георгиев – Пепси, Иво Пецов, Марјан Ѕин, Ице Огненовски – Мерко, Јовица Миленов и Јорданчо Ристовски. Со свои графики се претставија Павел Целковски, Горан Тричковски и Зоран Мише. Слободан Милошески се претстави со две скулптури, Адриана Јованоска со накити и Маријана Иванова со плакати.

Во музичко-поетскиот дел од вечерта, Ѓорги Георгиев и Пламен Великов интерпретираа одбрани стихови од творештвото на македонските поети Ацо Шопов и Михаил Ренџов, а во музичкиот дел беа испеани традиционални македонски песни и неколку познати теми од поп-музиката.

Иницијатор на овој мултимедијален проект е нашиот Центар во Софија, настанот пред софиската публика го претстави и прогласи за отворен директорот Васко Шутаров, а проектот “Конекција 2 ” што годинава ќе биде претставен и во Стара Загора, Бургас и Варна е поддржан од Министерството за култура на Р. Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП