6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата над 33 долари, продолжуваат преговорите за контролирана понуда

Цената на нафтата над 33 долари, продолжуваат преговорите за контролирана понуда

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Нафтените пазари денеска ги поттикнаа настојувањата за контролирање на прекумерната понуда, при што Русија и Саудиска Арабија во договорот за замрзнување на производството на јануарско ниво се обидуваат да го вклучат и Иран.

На лондонскиот пазар со барелот се тргува по 92 центи повисока цена во однос на претходното затворање, од 33,10 долари. Вчера тргувањето го заврши во минус 1,21 долар. На американскиот пазар денеска се тргува по 68 центи повисока цена, од 29,72 долари по барел.

Откако Саудиска Арабија, Русија, Венецуела и Катар во вторникот договорија задржување на производството на нафта на јануарско ниво, во средата е закажан состанок на министрите за енергетика на Венецуела, Ирак и Катар со иранскиот министер за нафта, Биџан Занганех.

Претходно претставникот на Иран во OPEC, Мехди Асали изјави дека Иран ќе продолжи да го зголемува извозот на нафта додека не го достигне нивото од периодот пред меѓународните санкции.

„Да се бара од Иран да го замрзне производството на нафта не е логично“, порача Асали.

Иако некои аналитичари предупредуваат дека замрзнувањето на производството на јануарско ниво нема значително да го намали актуелниот вишок во снабдувањето во оваа година, некои констатираа дека самата иницијатива претставува важен исчекор и дека сигнализира промена во ставот на Саудиска Арабија.

„Спогодбата не придонесува значително да се воспостави рамнотежа на пазарот, но важно е страните да разговараат. Саудијците повеќе не порачуваат дека се борат за пазарниот удел туку дека се подготвени да разговараат за договор“, истакнува Илдар Давлетшин од Renaissance Capital.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП