20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА118 милијарди евра и недостигаат на ЕУ за демонтажа на нуклеарните капацитети

118 милијарди евра и недостигаат на ЕУ за демонтажа на нуклеарните капацитети

nuklear 00

Недостигот од 118 милијарди евра за демонтажа на нуклеарните капацитети и управување со нуклеарните складишта, предвиде анализата на Европската комисија. Заклучоците се вклучени во работниот документ по извештајот до кој пристап има добиено „Ројтерс“.

Податоците се дел од периодичните набљудувања на ЕК во врска со нуклеарните капацитети во заедницата. Последниот сличен извештај сепак беше објавен во 2007-ма година, односно пред нуклеарната хаварија во Фукушима, која ги промени значително ставовите поврзани со развојот во овој сектор.

По она што се случи во Јапонија, на пример Германија одлучи да се откаже целосно од нуклеарната енергија до 2022-ра година. Најголемата европска економија планира да се потпира на зелената енергија – соларни и ветерни централи на гас и јаглен за задоволување на енергетските потреби.

Според анализите на Брисел трошоците за демонтирање на нуклеарните капацитети во ЕУ изнесуваат 268,3 милијарди евра, а достапни се само околу 150,1 милијарди евра. Од земјите во заедницата кои развиваат нуклеарна енергија, само Велика Британија има обезбедено средства за отстранување на капацитети од експлоатација – проценетите трошоци таму се во износ од 63 милијарди евра, пресметува ЕК.

Франција, која е најголема нуклеарна сила во Европа, пак чувствува сериозен недостиг – осигурените средства се 23 милијарди евра, додека неопходните се 74,1 милијарди евра.

Трошоците за отстранување од работа варираат во зависност од големината, видот и локација на блоковите. Дополнително трошоците за управување на складишта за нуклеарниот отпад исто така може да растат.

Официјално од ЕК не ги коментираат податоците во документот, цитиран од агенциите. Не е јасно и кога извештајот ќе биде објавен официјално. Очекувањата се дека тоа ќе се случи до крајот на оваа година.

Нуклеарните лобија во ЕУ веќе ги поздравија заклучоците, иако се уште се неофицијални. Според експерти во секторот овој извештај ќе покаже дека нуклеарната енергија, која има нулта емисија, е важен дел од исполнувањето на обврските преземени за време на климатската конференција во Париз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП