18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуба и САД потпишаа договор за редовен воздушен сообраќај

Куба и САД потпишаа договор за редовен воздушен сообраќај

kuba-sad-kuba-sad

Кубанските и американски функционери ги потпишаа во вторникот во кубанската престолнина Хавана договорот за обновување на редовните комерцијални летови меѓу двете земји, кои беа во прекин повеќе од половина век, со што всушност започнува трката на воздухопловните компании за најдобрите врски со овој остров во Карибите.

„Денеска е историски ден… Првпат по повеќе од пет децении САД и Куба ќе имаат редовни воздушни линии“, изјави американскиот министер за сообраќај Ентони Фокс.

Според договорот за воздухопловниот сообраќај, на американските и на кубанските воздухопловни компании ќе им бидат дозволени до 20 повратни летови на ден меѓу различни американски градови и кубанската престолнина Хавана и до 10 летово во секој од деветте меѓународни аеродроми на Куба.

Американските воздухопловни компании мораат до 2-ри март да ги предадат пријавите за дестинациите во министерството за сообраќај. Се очекува дека одлуката за тоа кои превозници и од кои американски градови ќе летаат за Хавана ќе биде донесена ова лето.

Патувањата од САД за Куба просто експлодираа откако американскиот претседател Барак Обама и неговиот кубански колега Раул Кастро во декември 2014 година ја започнаа нормализацијата на односите. Во јуни 2015 година двете земји ги обновија дипломатските односи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП