20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтравот од Брегзит ѝ се заканува на фунтата

Стравот од Брегзит ѝ се заканува на фунтата

funta

Страв од можно напуштање на Велика Британија поради можно излегување на Велика Британија од европската унија завладеа на валутните берзи, а инвеститорите се обложуваат на нов пад на фунтата, пишува Financial Times.

Се очекува британскиот премиер Дејвид Камерон наскоро, веројатно на самитот на Унијата оваа недела, да го објави датумот за одржување на референдумот, а некои инвеститорите предвидуваат многу незгодни движења за фунтата на валутните пазари во следните месеци.

Од средината на ноември фунтата загуби осум отсто во пондерираната трговска вредност, а слабоста на британската валута делумно се припишува на неизвесноста околу Брегзит, до кој би можело да дојде веќе во јуни.

„Мораме да бидеме спремни за бура на пазарот. Расправата за Брексит би можела дополнително да се распламне и тоа е нова несигурност која влијае на британскиот пазар“, толкува FT Џејмс Малтин, директор на инвестицискиот одел во друштвото за управување со имот Rathbone.

Дел од аналитичарите стравуваат дека Брексит би можело да поттикне рецесија. Јапонската банка Nomura предупреди дека фунтата би можела да падне за 10 до 15 отсто доколку надворешните инвеститори не сакаат да го финансираат британскиот дефицит на тековната сметка на платниот биланс.

Британија има релативно висок дефицит на тековната сметка од 3,7 отсто од бруто домашниот производ. Странските инвеститори поседуваат британски обврзници во вредност од 427 милијарди фунти, односно четвртина од пазарот, поради што е оправдан стравот дека би можеле да почнат да продаваат обврзници и на тој начин да создадат дополнителен притисок на фунтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП