8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУСАИД го отвори Hub Скопје, иновативен бизнис акцелератор

УСАИД го отвори Hub Скопје, иновативен бизнис акцелератор

hub 00

Денеска, Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија, имплементиран од Центарот за развој на претприемачи и менаџери (ЦЕЕД) Македонија, отвори коворкинг простор и акцелератор, Hub Скопје.

Hub Скопје е иновативна и инспиративна работна околина за претприемачи и компании во рана фаза од развојот, фриленсери и индивидуалци кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

hub 01

Hub Скопје нуди работна околина – биро, пристап до интернет и сала за состаноци, пристап до информации, пристап до знаење, пристап до потенцијални партнери, клиенти и пазари – преку Б2Б и нетворкинг настани, пристап до финансии – презентација пред Клубот на бизнис ангели на ЦЕЕД Македонија и поддршка од професионалци за иновации и креативно размислување – совети од консултанти за иновации и бизнис менаџмент.

Во своето обраќање, директорот на мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн рече: “Hub е креиран во духот на соработка. Им честитам на сите наши партнери денес: Проектот за микро и мали претпријатија, имплементиран од CEED и кофинансиран од Владата на Швајцарија, кој обезбеди финансии, Млади инфо, кои ни помагаат да стигнеме до младите претприемачи и Impact Hub Global, мрежа која ќе ни помогне да обезбедиме врвни услуги.”

hub 02

Госпоѓа Катарина Штокер, заменик шеф на мисија, Амбасада на Швајцарија во Република Македонија изјави: “Во последните осум години, во Швајцарија се отворени 50 нови коворкинг простори и бројот расте. Се надевам дека Македонија многу брзо ќе се најде на мапата земји со завиден број на коворкинг простори и бизнис акцелератори”.

Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кој започна со работа во јули 2011 година, во вредност од 1,949 милиони долари е петгодишен проект за поддршка на микро и мали бизниси преку тренинг, вмрежување, менторство, консалтинг, поддршка на извозот и пристап до инвестициски фонд. Активностите на проектот се имплементираат на целата територија на Македонија. ЦЕЕД Македонија е имплементатор на Проектот и е една од институциите во наследство на УСАИД.

hub 03

Американскиот народ, од 1993 година, преку УСАИД има инвестирано повеќе од 500 милиони долари во Македонија. УСАИД работи со граѓаните на Македонија на отворање нови работни мести, зајакнување на демократските институции и практики, унапредување на интегрираното образование и ги подготвува студентите за влез на пазарот на труд. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во над 100 земји во светот. За повеќе информации, посетете ги веб-страниците http://macedonia.usaid.gov и http://www.facebook.com/USAIDMacedonia.

hub 04

ЦЕЕД Македонија е дел од интернационална мрежа на центри за претприемништво, со канцеларии во 13 земји. Откако е основан пред осум години, 1.252 претприемачи и менаџери од Македонија успешно ги поминале претприемачките програми на Центарот. ЦЕЕД спроведува тренинзи за менаџмент, финансии, маркетинг и средно ниво на менаџмент за сопственици и топ менаџери на мали и средни компании. Повеќе информации на http://ceed-macedonia.org/.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП