2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабавен растот на вработување во американскиот приватен сектор

Забавен растот на вработување во американскиот приватен сектор

am1

Американскиот приватен сектор во март отвори 158.000 работни места, со што темпото на вработување остро се забави во однос на февруари, сигнализирајќи нерамномерно закрепнување на пазарот на трудот, покажуваат податоците од приватната консултантска компанија АДП.

Податоците за март се полоши од очекуваното, додека оние за февруари се ревидирани и сега покажуваат 237 илјади нови работни места, во споредба со претходно проценетите 198,000 новоотворени работни места.

Податоците за март, исто така се далеку од просекот за првото тромесечие, кое изнесуваше 191 илјада нови работни места месечно.

Големиот услужен сектор повторно предводеше во вработувањето, со отворени 151 илјадa нови работни места. Спротивно на тоа, во секторот за производство на стока се отвориле само седум илјади нови работни места. Уште помалку – шест илјади работни места отворила преработувачката индустрија.

Во градежништвото вработувањето стагнирало, откако во првите три месеци од оваа година во просек се отварале 29 илјади нови работни места.

„Ситуација на пазарот на трудот продолжува да се подобрува, но на моменти“, изјави главниот економист на Moody`s  Марк Занди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП