10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтениот пазар не му верува на договорот за намалување на производството

Нафтениот пазар не му верува на договорот за намалување на производството

Analiticari_predvidaju_dalji_pad_cena.x

Рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека Русија, Саудиска Арабија, Катар и Венецуела се подготвени да ја замрзнат експлоатацијата на нафта на нивото од 11 јануари.

Но, како што додаде рускиот министер, за таа одлука да заживее потребно е да и се придружат и останатите производители на нафта.

Рускиот министер се наоѓа во Доха на преговорите со трите споменати земји за стабилизација на пазарот за нафта.

Во делотворноста на нивниот договор нафтениот пазар не поверува – цената на нафтата по вестите од Доха опадна. Нафтата од типот „Брент“ поевтини вчера за 4,89 проценти, а лесната американска нафта (WTI) за 2,2 проценти.

Непознат е ставот на Иран, кој по укинувањето на санкциите ја објави намерата за експлоатација на нафта да се зголеми. А тешко дека до договорот ќе се придржува и третиот според количината производител на нафта во светот – САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП