17 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да предизвикате интерес кај работодавецот на разговорот за работа?

Како да предизвикате интерес кај работодавецот на разговорот за работа?

interes-intervju

Интервјуто за работа ви овозможува прилика на работодавецот да му покажете според што се разликувате од сите останати кандидати…

Тое е единствена шанса да покажете како вашето искуство, квалификациите, вештините, како и карактерот, се разликуваат од другите.

Од гледна точка на работодавецот, интервјуто е прилика да се одреди како се вклопувате на одредено работно место. Во принцип, работодавците ги одбираат оние кои на нив оставиле силен позитивен впечаток. Ако успеете да предизвикате интерес кај работодавецот, големи се шансите дека ќе ја добиете работата.

Ви нудиме неколку совети како да го постигнете тоа…

Подгответе интересни прашања

Пред интервјуто подгответе прашања кои ќе му ги поставите на работодавецот. Притоа би требало да ги избегнувате клише прашањата кои сигурно сите кандидати веќе ги поставиле. Промененете го, на пример, текот на разговорот така што на работодавецот ќе му поставите прашање за неговото искуство и кариерата како и плановите на компанијата за во иднина.

Говор на телото

Ако сакате да предизвикате интерес кај работодавецот, дефинитивно мора да внимавате на говорот на телото, бидејќи тој влијае на начинот на кој околината ве перцепира вас. Ако сакате да оставите позитивен впечаток, користете ги рацете при објаснувањето, вашите рамена нека бидат опуштени, а можете и повремено да ја копирате положбата на телото на работодавецот.

Раскажете приказна

Не одговарајте само на поставените прашања – раскажете некоја приказна кој ќе го покаже вашето искуство и вашите вештини.

Не зборувајте само вие

Повеќето луѓе сакаат да зборуваат за себе, затоа големи се шансите на работодавецот да му допадне тоа што вие ќе му поставите прашање. Нормално, внимавајте да не испадне како да го стават носот таму каде што не ви е местото. Обидете се работодавецот да го вклучите во позитивен разговор на тема која ја сметате за интересна.

Изразете го својот стил

Иако постои дрес код за деловните интервјуа, нема ништо лошо ако покажете малку креативност. Тоа истовремено ќе ви помогне да останете запаметени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП