17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит втор ден по ред

Раст на Волстрит втор ден по ред

Wall-Street1

Цената на акциите на Волстрит во вторникот силно порасна втор ден по ред, забележувајќи најголем дводневен скок од август минатата година.

Dow Jones скокна за 222 поени, или 1,39 отсто, на 16.196 поени, додека S&P 500 порасна за 1,65 отсто, на 1.895 поени, а Nasdaq 2,27 отсто, на 4.435 поени.

Во понеделникот не се работеше на Волстрит поради празник, а со оглед дека во петокот цените на акциите скокнаа речиси два отсто, со вчерашниот силен скок водечките индекси забележаа најголем дневен скок од август.

Цените на акциите вчера пораснаа во сите десет сектори S&P 500 со оглед дека инвеститорите проценија дека остриот пад на индексите од почетокот на годината пружи добри можности за купување на акции.

„Мислам дека многу акции се потценети, што ги привлече инвеститорите кои со денови се држеа на страна. Но, прашање е дали може ваквиот раст да се задржи неколку дена“, вели Баки Хелвиг, потпретседател во компанијата BB&T Wealth Management.

Вчера пораснаа, за 0,8 отсто, и акциите во енергетскиот сектор, иако цената на нафтата падна откако беше објавено дека водечките производители на „црното злато“ во светот постигнаа договор за задржување на производството на водечко ниво од јануари.

Цената на нафтата падна бидејќи инвеститорите се надеваат на поголемо намалување на производството, но аналитичарите велат дека е добро тоа што нафтените извозници преговараат, што ги поддржува надежите дека во иднина би можело да се постигне и повеќе во врамнотежувањето на понудата и побарувачката.

Од почетокот на годината берзите се под силен притисок поради падот ан цената на нафтата и сировините, што предизвика остар пад на акциите во енергетскиот сектор.

И покрај силниот раст во последните два трговски дена, S&P 500 е во минус од почетокот на годината за 7,3 отсто поради остриот пад на цената на нафтата и стравувањето на инвеститорите од последиците од забавувањето на растот на американската и глобалната економија.

На европските берзи, пак, вчера се тргуваше внимателно. Лондонски FTSE зајакна за 0,65 отсто, на 5.862 поени, додека франкфуртски DAX ослабна 0,78 отсто, на 9.135 поени, а париски CAC 0,11 отсто, на 4.110 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП