22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTурски компании "напаѓаат" во Бунарџик

Tурски компании “напаѓаат” во Бунарџик

turski-kompanii

Три турски компании  од областа на медицината ќе инвестираат во Македонија. Вкупната инвестиција ќе биде 50 милиони евра и ќе отвори 600 нови работни места, од кои 350 во првата година од работењето.

Својата намера за инвестирање во Македонија ја изразиле на средба со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија Висар Фида, во Анкара.

– Станува збор за компанијата Матек, која ќе инвестира околу 15 милиони евра во Македонија и ќе вработи околу 200 лица, компанијата Истем медикал која планира да инвестира околу 20 милиони евра и да вработи околу 250 лица и компанијата Тотал која исто така планира да инвестира околу 15 милиони евра и да вработи околу 250 луѓе. Сите три компании се од медицинската техника и ќе инвестираат во зоната Бунарџик во Скопје, изјави директорот на Агенцијата Висар Фида.

Како што велат од компаниите, благодарение на можноста да се запознаат со инвестициските услови во земјата, донеле одлука за инвестирање во Македонија.

– Ние како Истем медикал имавме можност да се запознаеме со можностите кои ги нуди Владата на Македонија за инвестирање во земјата и видовме дека можностите за инвестирање се навистина подобри од Турција и затоа решивме да инвестираме во Македонија, наведуваат од компанијата.

Од Тотал изразуваат надеж дека за кратко време ќе ја реализираат инвестицијата и ќе постигнат голем успех.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП