2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Burger King изненади со подобрите резултати

Сопственикот на Burger King изненади со подобрите резултати

burger kin 3

„Restaurant Brands International Inc“, сопственикот на ланецот за брза храна „Burger King“ и синџирот на кафе, пијалоци и крофни „Tim Hortons“, забележа подобар од очекуваниот профит за кварталот, откако новите производи во менито на „Burger King“ ја поддржале продажбата, соопштува „Ројтерс“.

Продажбата од развиените установи на „Tim Hortons“ се зголемиле за 6,3% во четвртиот квартал, без да се земат во предвид монетарните влијание. Продажбата е потпомогната од силната побарувачка на нови производи, вклучувајќи го течното чоколадо „Nutella“.

Продажбата на развиените ресторани од синџирот „Burger King“, без монетарните влијанија, се зголемија за 3,9%, поддржани од нови вкусови со пилешко и промотивни понуди од типот „2 парчиња за 5 долари“.

Аналитичарите очекуваа раст на продажбата од 3,9% за „Tim Hortons“ и 3,8% за „Burger King“, покажува „Consensus Metrix“.

„Restaurant Brands“ се натпреварува со синџирите за брза храна, како „McDonald’s“ и „Wendy’s“, кои исто така додаваат нови производи за да привлечат назад клиенти. „McDonald’s“ веќе нуди појадок во текот на целиот ден, а последните промоции на „Wendy’s“ вклучуваат мени „4 за 4 долари“.

Нето добивката за акционерите на „Restaurant Brands“ изнесува 51,7 милиони долари, или 25 центи по акција, за кварталот, завршен на 31-ви декември, во споредба со загубата од 510,8 милиони долари, или 2,50 долари по акција, во претходната година. Загубата во претходниот квартал се должи на трошоците за спојување.

Откако ќе се земе спојувањето на „Burger King“ и „Tim Hortons“ што заврши во декември 2014-та година, нето загубата за акционерите во претходната година била во износ од 3,1 милиони долари, или 2 центи по акција.

Без единечните ефекти „Restaurant Brands“ предвид профит од 35 центи по акција, што е над просечната оценка на аналитичарите од 29 центи по акција, покажува „Thomson Reuters“.

Во последниот квартал приходите се зголемија повеќе од двојно до 1,06 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП