25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДоделување на уверенија на петтата генерација на Академијата за судии и јавни...

Доделување на уверенија на петтата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители

akademija-sudii

Петтата генерација на кандидати за судии и јавни обвинители кои поминаа низ обуката во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во среда ќе ги добијат уверенијата.

Предвидено е на церемонија да се обрати директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска,  претседател на Судскиот совет на Република Македонија,  Бранко Ушковски, како и претседател на Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Петар Аневски.

На свечената церемонија ќе присуствуваат претставници на правосудството во Република Македонија како и претставници на странски партнери со кои соработува Академијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП