23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради минирање попладне прекин на сообраќајот кај Врбјани

Поради минирање попладне прекин на сообраќајот кај Врбјани

vrbjani

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека денес, среда, во периодот од 13:00 до 15:00 часот, во времетраење од 15 до 20 минути, ќе има прекин на сообраќајот поради изведување на градежни работи (минирање) на патниот правец Кичево – Охрид кај месноста Врбјани.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП