16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораст на акцијата на Карпош АД Скопје од 369,13 отсто

Пораст на акцијата на Карпош АД Скопје од 369,13 отсто

makedonska-berza

Тргување на Македонската берза во вторникот го одбележа акцијата на Карпош АД Скопје со пораст од извонредни 369,13 отсто, преку 525 истргувани акции по просечна цена од 699,00 денари по акција.

Последен пат со оваа акција беше тргувано на 18.05.2015 година кога просечната цена изнесуваше 149,00 денари по акција.

Акцијата на Прилепска Пиварница АД Прилеп го зазеде првото место по остварен промет (2.968.000,00 денари). Вкупно беа истргувани 106 акции по просечна цена од 28.000,00 денари при раст на цената од 1,82 отсто. Заедно со акцијата на Карпош АД Скопје, ова беа единствените акции кои забележаа пораст во вредноста.

Останатите хартии со кои во вторникот тргуваа инвеститорите остварија промет под еден милион денари.

Индексот МБИ-10 го продолжи трендот во надолна линија со пад од нови 0,59 отсто и изнесува 1.787,65 индексни поени, додека индексот на обврзниците ОМБ и вчера остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП