Награда за најдобра национална презентација доделена и е на Македонија на саемот за туризам HOLIDAY&SPA EXPO 2016 што деновиве се одржа во Софија.
На гала вечера, наградата беше врачена лично од министерката за туризам на Република Бугарија, Николина Ангелкова, која стави акцент на одличната соработка на полето на туризмот помеѓу Македонија и Бугарија.
Наградата за најдобра национална презентација која ја доби Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) ги потврдува заложбите на Македонија за успешно презентирање и промовирање на земјава како туристичка дестинација низ светот.
На 33-тото интернационално претставување на туристичката понуда во Бугарија својата понуда ја преставија 380 учесници од светот, а само на првиот ден саемот го посетија повеќе од 15.000 гости.