25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТехнолошките превземања скокнаа до рекордни 313 милијарди долари во 2015-та година

Технолошките превземања скокнаа до рекордни 313 милијарди долари во 2015-та година

teh grafik 00

Технолошките спојувања и превземања ја достигнаа својата највисока точка во 2015-та година со прогласени трансакции вредни 313 милијарди долари, што е раст од 82 проценти во споредба со 171,6 милијарди долари во 2014-та година.

Обемот на трансакции покажува дека обидите за консолидација биле многу моќни во текот на годината, но тој исто така покажува дека технологијата станаа толку критичен дел од бизнис процесите, дека потребата од поседување ја зголемува побарувачката во секторот покрај проблемите на берзата.

Само 278 трансакции всушност биле затворени – во вкупна вредност 147,7 милијарди долари. Податоците за финализирани договори отстапуваат малку на годишна основа, покажува извештајот на сметководствената и консултантска фирма „PricewaterhouseCoopers“ (PwC).

Бројот на 278-те затворени трансакции се намалува во однос на 289 во 2014-та година, кои беа во вредност од 164,8 милијарди долари. Иако сериозната разлика помеѓу најавените трансакции и затворените не е невообичаена, фактот дека берзите почнаа да се соочуваат со потешкотии во четвртиот квартал, забави голем број на договори, кои беа во фаза на затворање.

Консолидација во секторот на полупроводниците ја зголеми вредноста на трансакциите, додека софтверскиот бизнис е одговорен за зголемувањето на самиот број на трансакциите. Освен кај производителите на чипови, консолидација исто така се забележува кај претпријатијата за складирање на податоци и корисничкиот интернет бизнис, појаснува „PwC“. Овој импулс се очекува да се пренесе и во 2016-та година, дури и во присуство на препреки на берзата.

Според „PwC“ купувачите продолжуваат да инвестираат во облачни услуги, интернет на нештата, е-трговија и безбедност на податоците. Со 10 мегазделки (договори во вредност од над 5 милијарди долари), објавени во 2015-та година, вклучувајќи ја и најголемата технолошка трансакција во историјата, сегашните фундаментални промени во конкурентна средина се широките, појаснува „PwC“.

mega zdelki

Полупроводничкиот подсектор генерира највисока вредност на трансакциите, достигнувајќи над 38 милијарди долари, со трансакции како што се купувањето на „Intel“ на конкурентот „Altera“ за 16,7 милијарди долари.

Услугите за информатички технологии исто предвидоа рекордно ниво на спојувања и превземања, предводени од финансискиот сектор, овој на здравството и јавниот сектор.

Трансакциите во вредност од над 1 милијарда долари сочинуваат 69% од вредноста на сите трансакции генерирани во 2015-та година. За целата мината година имало 30 договори за над 1 милијарда долари, кои се затворени, како и мегазделки за 11,5 милијарди долари кои беа завршени во четвртиот квартал.

До крајот на годината имаше уште 15 мегазделки кои беа објавени, но се уште се во тек. Најголем удел од бројот на трансакции во 2015-та година продолжуваат да формираат помалите трансакции (за помалку од 100 милиони долари), а тие претставуваат 49% од бројот на трансакции за годината.

Прекуграничните трансакции сочинуваат 38 проценти од технолошките трансакции во 2015-та година. Странските купувачи се пред американските технолошки компании, така што инвестирале 69 проценти повеќе капитал во САД, отколку американски компании кои инвестирале во странство.

Што се однесува до 2016-та година, динамиката на конкуренцијата и пазарните потреби се причината за тоа компаниите да преоценат своите стратешки планови и да се прилагодат на новата средина. Поради тоа неколку клучни теми ќе продолжат да го поттикнуваат растот и активноста на трансакциите во секторот на технологијата во текот на целата 2016-та година, а и потоа, вклучувајќи и поттик на секторот на виртуелната реалност и вештачка интелигенција, интернет на нештата, и брзата конвергенција на индустриите, појаснува „PwC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП