26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗапочна реконструкцијата на тротоарите на улицата Милан Мијалковиќ во Пржино

Започна реконструкцијата на тротоарите на улицата Милан Мијалковиќ во Пржино

milan

Општина Кисела Вода во вторник започна со изведба на проект за партерно уредување на тротоари на ул.”Милан Мијалковиќ” во населбата Пржино.

На потегот помеѓу улицата “Кочанска” до улицата “Пржино”, ќе се изведуваат тротоари од двете страни на улицата со павер елементи кои ќе ги содржат сите потребни слоеви – тампонски слој од дробен камен и подлога од песок – ризла.

Согласно проектот, тротоарите ќе имаат ширина од два метра и ќе бидат оивичени со бетонски рабници. Се работи за инвестиција на општина Кисела Вода во вредност од околу три милиони и 200 000 денари.

И овој проект, како и проектот за реконструкција на тротоарите на улицата “Рилски конгрес” во Црниче, кој отпочна минатата седмица, е дел од програмата на општина Кисела Вода и дел од буџетот усвоен за 2016 и треба да биде завршен до крајот на месец март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП