3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПеткратно зголемен трговскиот суфицит на ЕУ

Петкратно зголемен трговскиот суфицит на ЕУ

еуеуеуеуеуе

Трговскиот суфицит во стоковата размена на Европската унија со остатокот на светот во минатата година речиси е петкратно зголемен во однос на претходната година во контекст на остриот пад на цената на увезената енергија, покажа најновиот извештај на Eurostat.

Трговскиот суфицит на 28-члената ЕУ во 2015 година изнесуваше 64,2 милијарди евра, наспроти 13,3 милијарди евра во претходната година. Увозот притоа порасна за само два отсто, на 1.724 милијарди евра, додека извозот скокна за пет отсто, на 1.789 милијарди евра, покажаа првичните процени за 2015 година.

Додека трговскиот дефицит на ЕУ во ставката енергија во 2014 година изнесуваше 334,8 милијарди евра, во 2015 година се намали на само 243,5 милијарди евра, бидејќи значително паднаа цените на сировата нафта и гасот.

Германија остана најголем извозник во ЕУ, со трговски суфицит од 251,9 милијарди евра во 2015 година, кој е зголемен во однос на 216,5 милијарди евра во претходната година.

Велика Британија пак имаше најголем трговски дефицит на ниво од 28-члената ЕУ, од 149 милијарди евра, наспроти 139,5 милијарди евра во 2015 година.

Во 2015 година 19-члената еврозона во стоковата размена со остатокот на светото забележа суфицит од 246 милијарди евра, наспроти 184,3 милијарди евра суфицит во 2014 година, покажуваат првичните оценки на Eurostat.

Покрај падот на цената на нафтата на глобалниот пазар, стоковата размена на ЕУ во минатата година значително ја одреди и движењето на курсот на еврото, која лани во однос на доларот ослабна за 16,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП