
Владата во Атина во јануари регистрираше примарен буџетски суфицит од 1,193 милијарди евра, надминувајќи ја својата цел за 886 милиони евра.


Владата во Атина во јануари регистрираше примарен буџетски суфицит од 1,193 милијарди евра, надминувајќи ја својата цел за 886 милиони евра.
Тој резултат е остварен поради пониските трошоци и поголемиот прилив на средства од фондовите на Европската унија, соопшти грчкото Министерство за финансии.
Од суфицитот на централната влада се исклучени буџетите на организациите за социјална заштита и локалната администрација, пренесува Ројтерс.
Целта на владата во Атина беше примарен буџетски суфицит од 307 милиони евра во јануари.
Даночните приходи во истиот период достигнаа 3,65 милијарди евра, што е во склад со целните 3,66 милијарди евра, наведува британската агенција.