18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентиран Иницијалниот извештај за карактеризација на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро

Презентиран Иницијалниот извештај за карактеризација на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро

izve-ezera

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, денеска, ja отвори презентацијата на Иницијалниот извештај за карактеризација на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро, подготвен во согласност со европската рамковна директива за води.

„Подготовката на Иницијалниот извештај за трите езера претставува важен чекор за крајбрежните држави кон управување со речни сливови во согласност со европското законодавство. Добар квалитет и одржливо управување со водите е заедничка цел на оваа регионална соработка меѓу министерствата, надлежните органи, универзитети, невладини организации и експерти од трите држави Македонија, Албанија и Црна Гора, притоа користејќи ја експертизата од германските експерти и добрите европски практики“, изјави министерот Изаири во своето обраќање.

Извештајот, е изработен во рамки на проектот: „Заштита и одржливо искористување на биодиверзитетот на Преспанското, Охридското и Скадарското Езеро“ и е обврска согласно Европската рамковна директива за води која е имплементирана во македонскиот Закон за води. Во исто време тој претставува придобивка кон националните информативни системи за животната средина и придонесува за создавање на заедничка база на податоци за квалитетот на водите, а со тоа и подобрување на размената на знаења и одржливо управување со водните ресурси за трите држави.

Проектот е финансиски поддржан од Германското федерално министерство за економска соработка и развој, а е имплементиран од страна на Германското друштво за интернационална соработка-ГИЗ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП