5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија ја менува монетарната политика

Јапонија ја менува монетарната политика

japonija14

Јапонија драстично ја менува монетарната политика, во обид да ја запре хроничната дефлација и својата економија, третата најголема економија во светот, да ја извлече од рецесија.

Во согласност со барањата на премиерот Шинзо Абе, Банката на Јапонија денес соопшти дека ќе ја удвои количината на пари во оптек и ќе настојува во борбата со дефлација што е можно поскоро да ја зголеми стапката на инфлација за два проценти.

Централната банка изјави дека ќе покрене „нова фаза на монетарни олеснувања како во смисла на квантитетот така и во смисла на квалитетот“, кои „драстично ќе ги изменат очекувањата на пазарот и економскиот субјект“.

Финансиските пазари на оваа вест реагираа со олеснување. Вредноста на јапонската валута, по соопштението, се намали од 92,8 јени за долар на 94,95 јени за долар. Берзанскиот индекс Никеи се зголеми за 2,2 проценти.

Новиот гувернер на Банката на Јапонија, Харухико Курода вети дека до планираната инфлација од два проценти ќе се стигне во наредните две години. Премиерот Шинзо Абе побара Јапонија да се ослободи од дефлацијата која ги поткопува инвестициите и економскиот раст.

Со цел економијата дополнително да се поттикне, владата во Токио ја зголеми јавната потрошувачка со цел да ја поттикне побарувачката и вети реформи за долгорочно јакнење на конкурентноста на економијата.

Владата на Абе ја презеде функцијата на крајот од минатата година. Дефлацијата во Јапонија е на сила веќе 15 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП