1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочна изградбата на втората рута велосипедски патеки за „Скопје велоград“

Почна изградбата на втората рута велосипедски патеки за „Скопје велоград“

велосипедски

Во вторник, во Општина Аеродром, почнаа градежните работи за реконструкција на велосипедската патека на булевар „Јане Сандански“.

Реконструкцијата на оваа велосипедска патека е дел од втората рута од капиталниот проект за подобрување на велосипедската инфраструктура во главниот град „Скопје Велоград 2014-2017“.

Рутата 2 од овој проект е со вкупна должина од 11 километри и ги поврзува Општина Аеродром, преку Општините Центар и Карпош, до Општина Ѓорче Петров. Истата ги опфаќа булеварите „Февруарски поход“, „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Кеј 13 Ноември“, Плоштад „Македонија“, бул. „ВМРО“ и бул. „Партизански одреди“ до Порта Влае. По булеварите велосипедските патеки ќе бидат од двете страни, додека од „Кеј 13 Ноември“ до бул. „ВМРО“ патеката ќе биде од една страна и ќе биде двонасочна.

„Со овој проект ќе се добијат квалитетни велосипедски патеки, обележани со стандардизирана јасна и видлива хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и ќе бидат изработени од асфалт. Спуштањата на раскрсниците ќе бидат изведени од рампи, додека по должината на патеките ќе бидат поставени заштитни столпчиња. Исто така, ќе се дислоцираат сите пречки на велосипедските патеки како што се билборди, канделабри, контејнери, сообраќајни знаци“, рече градоначалникот Трајановски.

Во втората рута од овој проект се предвидува реконструкција на постојните велоиспедски патеки на булеварите „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски Питу“, „ВМРО“ и „Партизански одреди“, додека на булеварите „Февруарски поход“, „Видое Смилевски Бато“ и Кеј „13 Ноември“ ќе се градат нови велосипедски патеки.

На терен на реализација на овој проект ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.

Минатиов период се работеше на велосипедските патеки од Рутата 1 во Гази Баба, Центар, Карпош, Ѓорче Петров, каде што се реконструираа и изградија велосипедски патеки на поеќе локации.

Со проектот Скопје велоград 2017 по должината на градските улици и булевари ќе се оформат четири главни велосипедски рути кои се протегаат во насока исток – запад и седум конектори кои се протегаат во насока север – југ со вкупна должина од 51 километар велосипедски патеки во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП